Свет Скандал

Канадскиот парламент по грешка чествуваше нацист

Во Канада избувна скандал откако беше откриено дека 98-годишниот Јарослав Хунка во младоста бил нацист. Претходно, Хунка беше честуван во националниот парламент како украински и канадски херој.

Канадскиот парламент по грешка чествуваше нацист

98-годишник кој се борел за нацистите во Втората светска војна и доби две стоечки овации во канадскиот парламент. 

Ова се случи за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.  

Подоцна, канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече скандалот срамен. 

„Очигледно е многу вознемирувачки ова што се случи. 
Ова е длабоко засрамувачко за парламентот на Канада и за сите Канаѓани“, рече Трудо. 

Спикерот на парламентот Ентони Рота го претстави Јарослав Хунка во парламентот како воен херој кој се борел против Русите во Втората светска војна.  
„Тој е Украински херој, Канадски херој и му се заблагодаруваме за службата.“  

Еврејските организации подоцна открија дека Хунка се борел во украинска единица која им служела на нацистите. Членови на единицата биле обвинети за убиства на Полски и Еврејски цивили.

To top