Култура Во чест на 8 Март

Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба

Изложбата е претставена во повеќе градови во земјата и во странство, а посетителите ќе можат да ја посетат од 8 до 31 март 2024.

Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација, соопшти Музејот на македонската борба за самостојност.

Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје.

Изложбата е претставена во повеќе градови во земјата и во странство, а посетителите ќе можат да ја посетат од 8 до 31 март 2024.

To top