Фудбал серија а

Интер е незапирлив: Ја победија и Џенова за уште еден чекор кон Скудетото

Фудбалерите на Интер синоќа рутински ја совладаа Џенова со 2:1, во рамките на 27. коло од Серија А.

Интер е незапирлив: Ја победија и Џенова за уште еден чекор кон Скудетото

Фудбалерите на Интер синоќа рутински ја совладаа Џенова со 2:1, во рамките на 27. коло од Серија А.

Интер поведе со голот на Кристијан Аслани во 30. минута, а осум минути подоцна го дуплираа водството преку Алексис Санчез, по што се замина на пауза.

Единствениот гол за Џенова го постигна Јохан Васкез во 54. минута, со што ја вратија резултатската неизвесност, но „нераѕурите“ ги сочуваа бодовите до крајот.

Во овој момент Интер делува незапирливо и, по се’ изгледа, ќе освојат ново скудето. Тие се први на табелата со 72, а Џенова е 12-та со 33 бода.

Во следното коло Интер гостува кај Болоња, а Џенова дома ја дочекува Монца.

To top