Македонија „Клан дебата“

Имер Селмани: Пендаровски не може да ја очекува поддршката на Албанците во првиот изборен круг

Кај Албанците, ситуацијата е поинаква, албанските гласачи ќе бираат меѓу двајцата кандидати, Бујар Османи и Арбен Таравари. Ќе има жестока дебата затоа што двајцата се исклучително добри и активни на политичката сцена, рече тој.

Имер Селмани: Пендаровски не може да ја очекува поддршката на Албанците во првиот изборен круг

Поранешниот кандидат за претседател на државата, Имер Селмани во синоќешното гостување во емисијата „Клан дебата“ со Љубиша Николовски рече дека сегашните претседателски избори се разликуваат од претходните со оглед на тоа што во првиот изборен круг ќе има двајца кандидати од партиите на Албанците, Бујар Османи и Арбен Таравари.

Според Селмани, од македонските кандидати има двајца фаворити во првиот изборен круг, кандидатите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, Пендаровски и Силјановска.

-Кај Албанците, ситуацијата е поинаква, албанските гласачи ќе бираат меѓу двајцата кандидати, Бујар Османи и Арбен Таравари. Ќе има жестока дебата затоа што двајцата се исклучително добри и активни на политичката сцена. Кампањата ќе биде доста интензивна, гласачите ќе бидат анимирани за да гласат за некој од нив. Пендаровски сега не може да ја очекува поддршката од Албанците во првиот изборен круг. Натпреварот ќе биде интересен, потенцира Селмани.

Најнови вести од Македонија

To top