Македонија хрватска

Хрватска досега вратила 4 пратки контаминиран зеленчук со пестициди од Македонија

Хрватска досега вратила четири пратки со зеленчук од Македонија, јавува хрватскиот портал Даница.

Хрватска досега вратила 4 пратки контаминиран зеленчук со пестициди од Македонија

Хрватска досега вратила четири пратки со зеленчук од Македонија, јавува хрватскиот портал Даница.

Порталот вели дека зеленчукот бил наменет за хрватскиот пазар, а истите биле со пестициди. До овие податоци е дојдено откако навреме реагирала хрватската агенција за храна.

Целото овошје и зеленчук било стопирано уште на самата граница каде не било дозволен влез во земјата.

Инаку, порталот пишува дека на прво место за обид за увоз на штетни производи се наоѓа Турција, додека Македонија го држи второто место.

Како штетни била идентифукувана мешаната салата, морковот и пиперките.

Како еден од најштетните пестициди се наведува klorpirifosu кој е пронајден дури во 13 пратки на овошје и зеленчук, па после него следуваат fosmet, fenamifos i formetanat.

Кlorpirifosu е забранет во земјите на ЕУ од причина што предизвикува генотоксичен потенцијал и многу здравствени студии покажале дека може да влијае врз невролошкиот развој на децата. Го поврзуваат со порметување во развојот на мозкот, хиперактивност како и стопирање во развојот на растот, намалена концентрација и интелегенција.

To top