Останати спортови

Град Скопје ги награди најдобрите за 2023 година

Град Скопје ги награди најдобрите за 2023 година

Град Скопје на манифестација во Кино Фросина во МКЦ, традиционално го одржа изборот и ги додели наградите на најуспешните спортисти за изминатата календарска година.

Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.

Во сениорска категорија, најдобрите десет спортисти се Бобан Илиоски (кик-бокс), Мери Акиевска (бодибилдинг), Игор Стефановски (автомото), Дејан Георгиевски (теквондо), Ахмад Магомедов (борење), Дарио Ивановски (атлетика), Лина Ѓорческа (тенис), Андреас Трајковски (атлетика), Петар Заборски (карате) и Петар Спасеновски (карате).

Во младинска категорија, наградени се десет спортисти кај мажите и кај дамите, а тоа се Силвио Мировски (кик-бокс), Витомир Трајковски (карате), Калин Ивановски (тенис), Стефан Стојановиќ (карате), Бесир Алили (борење), Ива Богдановска (џудо), Георгина Блажеска (џудо), Јована Мицовска (карате), Иван Галевски (ракомет), Никола Ѓуретановиќ (пливање).

Во категоријата најуспешна спортска екипа од Скопје наградата е доделена на Специјална Олимпијада. Во категоријата Најуспешен тренер награден е Дејан Митровски (кикбокс).

Оваа година, во категоријата најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати од странските играчи кои настапуваат за скопски клубови, не е доделена награда.

Од македонските спортисти, за најуспешен спортист со награда се здоби Андреј Стојаноски.

To top