Хроника Драма во Куманово

ГРАБЕЖ КАКО НА ФИЛМ ВО КУМАНОВО: Прво се судриле со возила, па пукале и одзеле пари

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.ТППЕ Куманово потврди дека гасела опожарено возило на улицата „Доне Божинов“.

ГРАБЕЖ КАКО НА ФИЛМ ВО КУМАНОВО: Прво се судриле со возила, па пукале и одзеле пари

Неколку лица со џип прво предизвикале судир со автомобил на кумановец, па пукале, му одзеле торба со пари и го запалиле возилото, вечерва на улицата „Доне Божинов“ накај кумановската населба Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило „Ренџ Ровер“, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.ТППЕ Куманово потврди дека гасела опожарено возило на улицата „Доне Божинов“.

To top