Кошарка Кошаркарски празник во градот на некогашниот НБА шампион

Голден Стејт домаќин на „Ол-стар“ викендот во 2025 година

Голден Стејт домаќин на „Ол-стар“ викендот во 2025 година

Ревијалната на најдобрите кошаркари во НБА лигата ќе се одржи во февруари во 2025 година во Сан Франциско.

НБА лигата официјално потврди дека домаќин на 74. ол-стар викенд од 14. до 16. февруари 2025 година ќе биде Голден Стејт.

Во текот на викендот ќе се одржи натпреварот на „Ѕвезди во подем“, „Натпреварување во вештини“, забивање и шутирање тројки. Главниот натпревар е закажан за 16. февруари.

Исто така НБА лигата ќе организира случувања за навивачите од сите возрасти поврзани со кошарката, технологијата, медиумите и поп културата.

„Ол-стар“ викендот кој следи оваа сезона како што е познато ќе се игра во Индијанаполис од 15. до 18. февруари.

To top