Скопје

Гази Баба блесна во новогодишно руво, градоначалникот Стефковски најавува и голем детски настан и доделување на новогодишни пакетчиња од Дедо мраз

Плоштадот во Автокоманда од вечерва е облечен во своето празнично руво.

Гази Баба блесна во новогодишно руво, градоначалникот Стефковски најавува и голем детски настан и доделување на новогодишни пакетчиња од Дедо мраз

Градоначалникот на општината Гази Баба преку фотографии на својот Фејсбук профил сподели дека општината е украсена и блеснала во новогодишно руво.

„🎅🏻Новогодишната бајка пристигна и во нашата Гази Баба.

🎄Плоштадот во Автокоманда од вечерва е облечен во своето празнично руво.

😇Голем број на светилки и новогодишна елка од вечерва го красат нашиот плоштад!

🤝Украсувањето го извршивме со поддршка на една општествено одговорна компанија од нашата територија.

📣Најавувам голем детски настан кој ќе се случи следниот викенд покрај новогодишната елка на плоштадот во Автокоманда, а на истиот Дедо Мраз ќе подели новогодишно пакетче на секое дете“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top