Фудбал трансфер бомба во турција

Галатасарај со две засилувања од Премиер-лигата

Галатасарај со две засилувања од Премиер-лигата

Нападот на „црвено-жолтите“ во вториот дел од сезонава ќе биде посилен за Карлос Винисиус, кој пристигна од редовите на Фулам.

Поранешниот напаѓач на Тотенхем доаѓа на позајмица до крајот на сезонава за сума од 1,2 милиони евра, плус целосно покривање на неговата плата од 600.000 евра во наредните пет месеци.

Серж Орие пак доаѓа со перманентен трансфер, откако десниот бек влезе во последните шест месеци од договорот со Нотингем Форест, па „шумарите“ се согласија да го продадат за скромни 800.000 евра.

Искусниот дефанзивец доаѓа како директна замена за Бои, кој за сума од рекордни 30 милиони евра беше продаден во Баерн Минхен.

To top