Фудбал неверојатно

Фудбалски натпревар во Украина се играше пет часа

Фудбалски натпревар во Украина се играше пет часа

Украинските фудбалски прволигаши Дњипро и Олександрија во понеделникот одиграа натпревар кој траеше скоро пет часа и тоа најдолгиот во историјата на украинското првенство.

Натпреварот од 13. коло во украинското првенство кој се играше во Дњипро започна во 17:00 часот, а се заврши нешто пред 22 часот, по скоро 280 минути.

Причината беа бројните прекини поради алармите за воздушни напади. Натпреварите во Украина поради безбедносни причини се играат пред празни трибини и мораат да бидат прекинати во случај на воздушна опасност.

Алармите за време на овој натпревар се огласија неколку пати.

To top