Култура проекција на филм

Фестивал на грчки филм од 7 до 9 април во Кинотека

-Филмот има особено необичен филмски израз и градење на филмската нарација, оригинална филмска приказна, правејќи силна алегорија на изместеноста и немањето баланс во машко-женските односи, каде можни жртви се само жените, а израззувањето и задоволувањето на мажите оди лесно ко песна, додаде Јовановиќ.

Фестивал на грчки филм од 7 до 9 април во Кинотека

Со филмот „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос, на кој му претходи проекција на краткиот филм „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос, на 7 април во Кинотеката во Скопје ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.

Ова издание на фестивалот ќе трае до 9 април во Скопје и ќе биде понудена есенција на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно шест филма, три долгометражни и три кратки филмови. Фестивалот ќе биде отворен и во Битола, од 8 до 10 април во киното „Браќа Манаки“.

Како што информираше на денешната прес-конференција директорот на МФФ Киненова и организатор на Фестивалот Небојша Јовановиќ, фестивалската програма е направена според концептот да се приближи светогледот на современите грчки филмски автори, кои прават вивисекција на современото грчко општество.

Како што посочи, доминираат темите за машко-женските односи, доминацијата на мажите, оттуѓеноста на современиот човек во грчкото општество, занимавањето со смртта во разни димензии, како казна, како решение, како поттик, како мотивација.

Фестивал на грчки филм од 7 до 9 април во Кинотека

-Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество, додаде Јовановиќ.

Како што рече, филмот „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ е еден од најинетересните, најчудните и најгледани филмови последните години во Грција.

-Филмот има особено необичен филмски израз и градење на филмската нарација, оригинална филмска приказна, правејќи силна алегорија на изместеноста и немањето баланс во машко-женските односи, каде можни жртви се само жените, а израззувањето и задоволувањето на мажите оди лесно ко песна, додаде Јовановиќ.

Во рамки на програмата, посочи тој, на 8 април ќе биде прикажан филмот „Невидлив“ на Димитрис Атанитис, кој во основа е социјална драма, но режисерот прилично експериментира со својата филмската нарација.

Следниот ден, на 9 април ќе се одржи проекција на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на грчката режисерка Ева Натена.

-Филмот е втора адаптација на истоимениот роман на грчки писател Алексаднрос Пападијамантис, по онаа на Костас Ферис од 1974та, и кој жестоко ја отвора темата на доминација на машкиот над женскиот пол, на жената како жртва на цврсто вкоренетите традиции, обичаи кои долго време биле зацрврстени дури и во позитивното грчко законодавство, рече Јовановиќ.

Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду на денешната прес-конференција во Скопје зборувајќи за филмот „Жена-Убиец/Фониса“, посочи дека тој говори за една измачена постара жена која што убива женски новороденчиња за да ги спаси од нивната темна судбина.

Фестивал на грчки филм од 7 до 9 април во Кинотека

Флорентиа Киорици, прв секретар за комуникациja од канцеларијата за јавна дипломатија во амбасадата на Грција на прес-конференцијата рече дека и двата филма „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ и „Тишината на рибата што умира“ се однесуваат на стравот од смртта и изолацијата. Станува збор за црни комедии кои се занимаваат со егзинстенцијалните стравови со суфиларен хумор, без многу емоции.

-Василис Кекатос, режисерот на „Тишината на рибата што умира“, во овој филм гради еден „универзум“ инспириран од Кафка и Ками, писатели кои зборуваат за бесмисленоста на животот и постоењето, недостатокот на комуникацијата помеѓу луѓето и рамнодушноста на општеството. Кекатос е познат режисер на кратки филмови иако е многу млад, веќе има добиено 11 награди меѓу кои и Златната палма на Фестивалот во Кан во 2019 година и има 31 меѓународна номинација, рече Киорици.

Зборувајќи за филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис, рече дека кај овој режисер прашањето на невидливост е поврзано со чувството на неважност и така се чувствува главниот лик. И во краткиот филм „Бјути“ кој му претходи на филмот, главниот лик е исто така невработен и се бори да добие видливост преку своите следбеници, а истовремено нема никаков контакт со својата мајка, иако живеат под ист покрив.

-И двата филма на некаков начин го истражуваат нашето место во општеството и дали тоа место ја определува вредноста на нашето постоење, појасни Киорици.

To top