Свет ЕЕА

Европа да се подготви за катастрофалните последици од климатските промени

Во извештајот е разгледано колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив.

Европа да се подготви за катастрофалните последици од климатските промени

Европа не е подготвена за огромните и се побројни климатски ризици со кои се соочува, велат од Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА).

Во извештајот, објавен од „Гардијан“, се наведува дека шумските пожари зафаќаат домови во Европа, а хаотичните временски услови доведуваат до оптоварување на јавните финансии. ЕЕА, исто така, пишува дека е потребно дополнително дејствување за решавање на половина од 36 значајни климатски ризици со потенцијално тешки последици.

„Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици кои растат побрзо од нашата подготвеност“, рече извршната директорка на ЕЕА, Леена Ила Мононен.

Во извештајот е разгледано колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив.

Според таа анализа, најитните ризици се оние кои стануваат се полоши кога загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, кога има топлотни удари, поплави.

To top