Свет 372 гласа „за“, 44 „против“ и 120 „воздржани“

ЕП апелира на „моментален и траен“ прекин на огнот во Појасот Газа

Со резолуцијата се осудуваат неодамнешните напади врз хуманитарните конвои во Појасот Газа.

ЕП апелира на „моментален и траен“ прекин на огнот во Појасот Газа

Европскиот парламент со 372 гласа „за“, 44 „против“ и 120 „воздржани“ изгласа нова резолуција за војната во Појасот Газа, со која се бара „моментален и траен“ прекин на огнот и безусловно ослободување на сите заложници.

Со резолуцијата се осудуваат неодамнешните напади врз хуманитарните конвои во Појасот Газа.

– Се договоривме за силна резолуција со јасна порака. Цивилите, цивилната инфраструктура и хуманитарните конвои никогаш не треба да бидат цел. Гладот никогаш не треба да се користи како оружје. Го повикуваме Израел да дозволи поголема хуманитарна помош во Газа и да ги отвори сите коридори за да можат стотици камиони со помош да влезат во Газа, Хилде Вутман, која учествуваше во преговорите.

To top