Македонија по вонредните инспекции

ДЗСИ утврди: Документацијата била уредно водена во случајот со починатото новороденче

ДЗСИ утврди: Документацијата била уредно водена во случајот со починатото новороденче

При вонредните инспекциски надзори не се констатирани недостатоци кои се во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот е со иницијатива до министерот за здравство за вршење стручен надзор.

Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница, ПЗУ Д-р Моника – ординација по гинекологија и акушерство – Прилеп и на Клиниката за детски болести во Скопје за починатото новороденче од Прилеп е објавена денеска на веб-страницата на ДСЗИ.

Новороденчето се роди на 27 октомври 2023 годиан здраво и без проблеми во Прилепската биолница, а по три дена во тешка состојба беше испратено на Детската клиника каде по една недела почина.

Инспекторатот е со иницијатива до министерот за здравство за вршење стручен надзор.

-Со оглед на фактот дека ДСЗИ нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, доставена е информација до Министерот за здравство со иницијатива за вршење на стручен надзор согласно член 296 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Р.М. бр. 43/12, 236/23), „Надзор над стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници ја вршат Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора. Министерот за здравство по потреба може да формира комисија за вршење на надзор на стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници, информира ДЗСИ.

При надзорот, како што се наведува, Инспекторатот ја побара целата документација и за родилката и за бебето на двете одделенија, гинеколошкото и неонатолошкото во Болницата, од Детската клиника, како и од матичниот лекар на родилката. Извештајот е со целосни детали за случајот, откако родилката била донесена за пораѓање на 27 октомври во 6 часот, па целиот тек на состојбите.

– По извршените неопходни прегледи и подготовка родилката била породена спонтано, бидејки немало индикации за царски рез. Во 9:15 часот жив машки плод во 38 гестациска недела со тежина 2.720 гр.(апгар 8/8/10). Родилката е сместена во болничка соба на одделение за гинекологија и акушерство заедно со бебето. Во текот на престојот на оделение, биле извршени биохемиски анализи на крв на родилката во два наврати. Резултатите биле со уреден наод. На 28.10.2023 година на утринска визита била извршена лабораториска анализа на крв и кај новороденчето. Резултатите биле со уреден наод. Во текот на престојот на акушерското одделение, новороденчето било со мајката заради воспоставување на процес на доење. Од страна на мајката немало забелешки по однос на здравјето на бебето, соопштува Инспекторатот.

Жолтило кај бебето било констатирано при утринска визита, без други симптоми и било поставено на 12-часовна фототерапија. Новороденчето било во добра општа состојба, со уреден белодробен наод, добар тонус и се хранело без повраќање . Од овие причини, како што се наведува, немало сомневање за рана неонатална инфекција. Но, на 30 октомври, во раните утрински часови, бебето одбило да прими храна, а други симптоми немало. Откако повторно одбило храна, била повикана дежурна докторка – специјалист педијатар која констатирала дека бебето е млитаво и со површно дишење.

– Проверена е гликемија, поради ниски вредности е дадена гликоза, кислородна поддршка и поради лоша клиничка слика и сомнеж за перинатална инфекција била дадена двојна антибиотска терапија. По консултација со доктор од Клиника за детски болести во Скопје новороденчето со мајката било трансферирано во Клиниката за детски болести во Скопје за понатамошно лекување, се вели во Извештајот.

Инспекторатот го направи надзорот и на документацијата на Клиниката за детски болести, потврдувајќи дека и во оваа инстутција била уредно водена. Бебето било примено во тешка состојба.

-При приемот, детето било во исклучително тешка општа состојба, хипотонично без реакција на длабока дразба, со ирегуларно дишење проследено со апнеи и акрилна цијаноза, па поставено на Б-ЦПАП. При прием со лабораторидска потврда за пораст на инфламаторни маркери веднаш била вклучена антибиотска терапија. Земени се стартна хемокултура и материјал од трахеален аспират – со наод за присуство на Escherichia colli во трахеален аспират, а хемокултура негативна. По добиениот позитивен наод од трахеален аспират антибиотската терапија е давана соодветно на антибиограмот. Повторно била земена хемокултура со негативни наоди. Во вечерните часови на 30 октомври поради влошување на состојбата било поставено на механичка вентилација. Третиот ден од престој се јавила олигоанурија. На 5 ноември настанал Сardiac arrest па детето е реанимирано, а во 20.15 ч. повторно настапува Cardiac arrest но без одговор и настанала смрт во 20.35 часот, стои во деталниот извештај на Државниоот здравствен и санитарен инспекторат за случајот со новороденчето.

Во прилепската болница од Центарот за јавно здравје се чекаат резултатите од земените брисеви од површините на двете одделенија и од персоналот. Во меѓувреме, прилепското Основно јавно обвинителство отвори предмет за случајот по пријавата на родителите кои бараат одговори што се случило со нивното бебе.

Најнови вести од Македонија

To top