Република Загрижувачка е финансиската слика на струмичките институции

Дрвошанов: СДС нема ниту еден значаен проект за Струмица, а јавните претпријатија тонат во долгови

Граѓаните на Македонија никогаш не биле посиромашни, состојбата никогаш не била полоша!

Дрвошанов: СДС нема ниту еден значаен проект за Струмица, а јавните претпријатија тонат во долгови

СДС во Струмица 20 години е локална власт во која буквално ја исцеди Општината. Дополнително со двата мандати на национална власт СДС не само што не направи ниту еден значаен проект туку го уништи стопанскиот и трговски потенцијал на Струмица и регионот.

Нашата јавност треба да знае дека задолжувањата во Струмица ги надминуваат и најлошите претпоставки.

Загрижувачка е финансиската слика на струмичките институции:

-Јавното претпријатие за Изградба, Одржување и користење на јавни паркиралишта Струмица има долг од 1.071.600 денари.

-Обврските на ЈП за Енергетски дејности Струмица Гас изнесуваат над три милиони денари доспеани и 24.655.945 денари недоспеани обврски.

Претпријатието за комунални дејности Комуналец ЦО Струмица има неверојатни 256.360.114 денари доспеани обврски и 10.810.094 денари недоспеани обврски.

Замислете струмички Комуналец должи вкупно 267.170.208 ден.

Средните училишта во Струмица освен што секој ден го губат бројот на ученици трошат повеќе отколку од времето кога имаше илјадници ученици.

– Средното Општинско Училиште Димитар Влахов должи 39.418.333 денари;

– СОУ Никола Карев должи 17.233.525 денари;

– Гимназијата Јане Сандански должи 6.296.668 денари недоспеани обврски и кредит за 2024 година од 4.629.197 денари.

Струмичката Јавност веќе има слушнато за оваа катастрофална состојба во јавните претпријатија и училиштата.

Ова е сосема очекувано ако се знае дека за само пет години оваа коруптивна власт ја задолжи државата за фантастични 3 милјарди евра и тоа за покривање на дупки во буџетот направени од крадење на народните пари преку сомнителни тендери кои завршуваат во фирми блиски до власта.

Граѓаните на Македонија никогаш не биле посиромашни, состојбата никогаш не била полоша!

Доста е!

Време е да се промени власта, време е да ги поразиме и да си ги вратиме Општината и Државата!

Линк од Фејсбук објава на Жан Дрвошанов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

To top