Фудбал конечно

Бразил доби нов селектор

Бразил доби нов селектор

Предводниците на бразилскиот фудбал имаат нов селектор го побараа на домашна сцена и тоа во името на  61-годишниот Доривал жуниор.

Станува збор за досегашниот тренер на Сао Паоло, кој во досегашната кариера сменил дури 25 различни работни места. Неговата преселба на клупата на Бразил ја потврди неговата екипа, но и самиот стратег.

„Остваривме сон што беше возможен само поради признанието за добро завршена задача во Сао Паоло. Затоа морам да ви се заблагодарам што сте дел од овој важен дел од мојата кариера“, изјави меѓу другото Доривал за клупската веб-страница.

To top