Останати спортови

Брат и сестра испишаа историја со освоени пет медали на Државното првенство за сениори У21 во пинг понг

Брат и сестра испишаа историја со освоени пет медали на Државното првенство за сениори У21 во пинг понг кое се одржува во Прилеп.

Брат и сестра испишаа историја со освоени пет медали на Државното првенство за сениори У21 во пинг понг

„Членовите на ППК 1060 АС Ѓорче Петров во својот прв настап за клубот ИСПИШАА ИСТОРИЈА со освоени 5 медали 🏓(3 🎖1🥈1🥉)🏓 како и наслов Државни Прваци на Македонија во микс-сениори У21.

Андреј Стојановски (со 14г.) е најмладиот шампион во историјата на Македонија и македонскиот пинг понг на државните првенства за сениори У21, кој денес, повторно но сега со неговата сестра Сара Стојановска испишаа нова историја, со освојувањето на шампионска титула 🎖🏅🥇 во 🏓Микс-двојки 🏓на Државното Првенство за сениори У21🏓.

Воедно Андреј и Сара Стојановски се првите 🤴БРАТ и СЕСТРА👸во Македонската пинг понгарска историја кои станале Државни Прваци на Македонија во микс-сениори У21.

🏓 Титулата ја посветуваме на нашиот 🖤 Ангел чувар “АС”“, стои во постот на клубот на Фејсбук.

To top