Живот и Стил Плодност и љубов

Божиќен обичај: Бакнеж под имела – ова е значењето

Забележувајќи дека лековитото растение цветало дури и на студ во зима, друидите верувале дека тоа ја симболизира виталноста на животот и може, на пр., да ја врати плодноста.

Божиќен обичај: Бакнеж под имела – ова е значењето

Во светот постојат многу верувања и обичаи коишто се практикуваат на божиќните празници, а еден од нив е и бакнежот под имела како зимско растение и божиќен украс. Обично се верува дека овој празничен обичај потекнува од Велика Британија и САД, па се проширил низ светот, но за благотворноста на имелата се знаело и во древноста.

Оваа билка се среќава и во нордиската митологија, келтските верувања и легенди, но и во хеленската, древнобалканската и римската медицина. Хелените и околните народи верувале дека имелата има лековити својства и ја користеле за лекување на, на пр. грчеви и болки кај слезината, но и воопшто – на сè, а Римјаните знаеле оти ова растение е лек за израстоци на кожата, пишува „Ридер’с дајџест“ (Reader’s Digest).

Поврзаноста на билката со љубовта и романтиката се среќава кај убедувањата на келтските друиди. Забележувајќи дека лековитото растение цветало дури и на студ во зима, друидите верувале дека тоа ја симболизира виталноста на животот и може, на пр., да ја врати плодноста.

Северните народи верувале дека боговите користеле имела за да го подигнат синот на богот Один – Балдур, од мртвите. Во скандинавската митологија, Один се поврзува со мудрост, исцелување, но и војни, битки, победа, па дури и смрт, а Балдур е бог на невиноста, убавината и чистотата. Откако тој воскреснал, мајката на Балдур – божицата на љубовта се заколнала дека ќе го бакне секој што ќе мине под имелата и така растението останало симбол на љубовта.

Плодноста и љубовта се поврзуваат со растението и во 18. век, па се вклопило и во божиќните прослави. Се претпоставува дека традицијата на бакнување под имела ја почнале луѓето од пониската класа во Англија, а подоцна ја прифатиле и оние од повисоките класи. Некои велат дека двојката која ќе се бакне под имела треба да земат бобинка од имелата. Исто така, се вели дека одбивањето бакнеж под имела носи лоша среќа.

To top