Познати Крај

„Бомба“ на српската естрада: Се разведуваат Харис и Мелина Џиновиќ

Иако емотивната врска ја започнаа во 2002 година и имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина, тие се венчаа 12 години подоцна.

„Бомба“ на српската естрада: Се разведуваат Харис и Мелина Џиновиќ

Како што дознава ПИНК.РС, една од најпознатите естрадни двојки, Харис и Мелина Џиновиќ решиле да стават точка на деценискиот брак.

Иако емотивната врска ја започнаа во 2002 година и имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина, тие се венчаа 12 години подоцна.

-Мелина и Харис се одлучија за спогодбен развод, бидејќи нивната врска веќе некое време не оди добро. Тие ја донесоа најдобрата можна одлука за нив и нивните деца во моментов. Харис веќе се иселил од нивната вила, а Мелина останала таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврди како ќе се распредели имотот меѓу нив, открил за Пинк.рс добро упатен извор близок до семејството Џиновиќ.

Најнови вести од Познати

To top