Свет Америка го загрозува граѓанскиот мир

Багдад: САД се закана по мирот и го нарушуваат суверенитетот на Ирак

САД со нападот во Багдад го нарушија суверенитетот на Ирак, изјави денеска воениот портпарол на ирачкиот премиер, генерал Јахја Расул.

Багдад: САД се закана по мирот и го нарушуваат суверенитетот на Ирак

Неговата изјава уследи по соопштението на Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) дека при вчерашниот напад во главниот град на Ирак, Багдад убиен е командант на групата Катаиб Хезболах. Според медиумите, во нападот убиен е Абу Бакр ал Сади, командант на Катаиб Хезболах.

Расул истакна дека американските сили извршиле неодговорен воздушен напад во станбена област во главниот град на Ирак, Багдад.

Со нападите, Америка го загрозува граѓанскиот мир, го нарушува суверенитетот на Ирак, ги омаловажува и ги загрозува животите на нашиот народ. Најопасно е што меѓународната коалиција отстапи од причината и целта да биде на наша територија. Ова ја принудува нашата Влада да стави крај на мисијата на коалициските сили, кои станаа фактор на нестабилноста на Ирак и сакаат да го претворат Ирак во зона на конфликт. Нашите вооружени сили можат да ги исполнат своите уставни должности и обврски за заштита на безбедноста на ирачкиот народ и ирачката територија од секакви закани, наведе Расул.

Најнови вести од Свет

To top