Хроника

Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес, тешко повредена жена

Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес, тешко повредена жена

На 18.02.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, патничко моторно возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(70) од Скопје, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top