Скопје денеска

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

-Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17:00 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

To top