Свет

АВИОН ИТНО СЛЕТА ВО БЕЛГРАД: Тотален хаос, патници се степаа па се легнаа на земја, полицијата итно реагираше штом принудно слетале (ВИДЕО)

АВИОН ИТНО СЛЕТА ВО БЕЛГРАД: Тотален хаос, патници се степаа па се легнаа на земја, полицијата итно реагираше штом принудно слетале (ВИДЕО)

Авионот „Сан експрес“ кој на 9 април во 19 часот и 30 минути полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој предизвика тотален хаос.

Поради драмата, авионот доцнел на својата дестинација два часа, пишува Дејли мејл.

На видеата што ги снимија шокираните патници и ги споделија на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот се огласи авиокомпанијата „Сан експрес“:

„По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“.

Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

To top