Регион денеска и утре

Атина без такси превоз

Од Синдикатот велат дека „економскиот модел на управување што го избра Владата го става на мета секој вид на индивидуален бизнис во земјата“ и бараат низа мерки, меѓу кои и задржување на ДДВ-то на 13 отсто.

Атина без такси превоз

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 48-часовен штрајк поради проблемите со кои се соочуваат во нивниот сектор, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот велат дека „економскиот модел на управување што го избра Владата го става на мета секој вид на индивидуален бизнис во земјата“ и бараат низа мерки, меѓу кои и задржување на ДДВ-то на 13 отсто.

Таксистите со 48-часовниот штрајк учествуваат во утрешниот штрајк што го закажа Синдикатот на вработени во јавниот сектор по повод годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица.

Атина, утре освен без такси превоз, ќе биде и без метро и трамвај, а во штрајкот со прекини во работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите, додека пак цела Грција утре ќе биде без бродски и железнички превоз, а се очекуваат проблеми и во авионскиот, со оглед на тоа дека во штрајкот веројатно ќе учествуваат и контролите на летање.

Најнови вести од Регион

To top