Фудбал

Арсенал и Барселона одат во следната фаза од ЛШ

Арсенал и Барселона одат во следната фаза од ЛШ

Фудбалерите на Арсенал после цели 14 години се пласираа во четвртфинале на Лига на шампиони што е прав подвиг за „топџиите“ за што после пенал драмата со Порто зборуваше и тренерот Микел Артета. Во Барселона Каталонците благодарение на одличната игра одат во следна фаза по убедливиот триумф над Наполи.

„Толку сум среќен! 14 години е долг период за клуб каков што е Арсенал да не го стори она што го направивме денес. Моравме да копаме за да дојдеме до овој магичен момент. Толку сме горди и среќни“, изјави Артета после триумфот на неговата екипа на пенали.

Арсенал за првпат влегува во 1/4 финале на Лига на шампиони после сезоната 2009/2019. Топџиите прекинаа серија од дури седум последователни испаѓања во 1/8 финале на ЛШ.

To top