Фудбал повреда на мускулот на ногата

Аргентина без повредениот Меси на пријателските натпревари во САД

Актуелниот светски првак Аргентина најверојатно ќе биде без својот капитен Лионел Меси, кој според најавите ќе ги пропушти поради повреда пријателските натпревари против Салвадор и Костарика.

Аргентина без повредениот Меси на пријателските натпревари во САД

Меси го повреди мускулот на ногата на осминафиналниот дуел во Конкакаф купот против Нешвил на кој постигна гол за Интер Мајами, а запиша и асистенција, пред да биде повлечен од теренот.

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, рече дека целта на Меси и на клубот е аргентинскиот фудбалер да биде подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Купот Конкакаф во кој американскиот клуб на домашен терен ќе игра против мексикански Монтереј на 4 април.

„Се сомневам дека може да биде подготвен за натпреварите на репрезентацијата. Попаметно е да има малку подолга рехабилитација за да може целосно да закрепне“, изјави Мартино.

Пред Аргентина се два пријателски натпревари, против Салвадор во Филаделфија на 22 март и четири денови подоцна против Костарика во Лос Анџелес.

To top