Останати спортови

Ангел Петрушев победник на кајак слаломот ИКАС 2024

Ангел Петрушев победник на кајак слаломот ИКАС 2024

Викендов по 55 пат на реката Треска кај Матка се одржа традиционалниот меѓународен Илинденски кајак-слалом ИКАС 2024 во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а Градскиот кајакарски сојуз како технички организатор.

На овој настан имаше 80 натпреварувачи од шест земји: Романија, Босна и Херцеговина, Македонија, Турција, Србија и Грција.

Членот на ККК Вардар од Велес, Ангел Петрушев е победник на ИКАС 2024, пред второпласираниот Стефан Рибарски од ККК Вардар Велес, а на третата позиција се најде Марко Ѓорѓевиќ од Србија.

Од останатите македонски кајакари во финалето Кристијан Смилев заврши на петтото место, Александар Златаров на осмата позиција, а Борче Мирчевски на 11 место.

Во кану Ц1 најдобар беше Јанис Захос од Грција, а во женска конкуренција неговата сонародничка Горгиа Релиа славеше во дисциплината К-1, пред велешанката Марија Пановска и Елиф Цејлин од Турција.

Поврзани теми

To top