Свет резолуции за прекин на огнот

Американците се почесто бараат прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Околу 70 американски градови донесоа резолуции за војната меѓу Израел и Газа, од кои повеќето повикуваат на прекин на огнот, покажува анализата на Ројтерс на градските податоци, пренесува Хина.

Американците се почесто бараат прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Најмалку 47 градови донесоа симболични резолуции со кои се бара прекин на израелското бомбардирање на Газа, додека шест други донесоа резолуции со кои пошироко заговараат мир. Најмалку 20 усвоија резолуции со кои се осудува нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој го поттикна сегашното крвопролевање.

Повеќето од резолуциите за прекин на огнот беа усвоени во демократските држави како Калифорнија, иако најмалку 14 се усвоени во држави како Мичиген, што може да биде одлучувачко во кандидатурата на Џо Бајден за реизбор против републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп.

Администрацијата на Бајден ги отфрли повиците за прекин на огнот, тврдејќи дека запирањето на израелската офанзива ќе го охрабри Хамас. Критичарите на резолуциите на градскиот совет велат дека тие немаат опиплив ефект врз националната политика и го одвлекуваат вниманието од домашните прашања.

Габриела Сантијаго-Ромеро, советничка од Детроит, која во ноември гласаше за одобрување на резолуцијата за прекин на огнот, рече дека тоа го одразува незадоволството од Бајден и другите национални демократски лидери.

„Сакаме раководство кое е подготвено нас да не слуша“, вели Сантијаго-Ромеро.

Демократите треба „да ги слушаат младите луѓе, да инвестираат во различноста, да инвестираат во луѓе чии вредности се усогласени и кои всушност ги слушаат нивните гласачи“, додаде таа.

Белата куќа, во коментар наведе дека врши притисок врз Израел да избегне цивилни жртви во Газа, и се осврна на претходните изјави дека прекинот на огнот само ќе му користи на Хамас.

To top