Познати „Тебе ни хирург не може да ти помогне“

Александра Младеновиќ била жртва на сајбер насилство

Тоа веќе не ме навредува и не ме засега, рекла Александра

Александра Младеновиќ била жртва на сајбер насилство

Пејачката Александра Младеновиќ неодамна мина низ вистински пекол со своето поранешно момче кое и се заканувало со самоубиство, а по завршувањето на драмата признала дека била и жртва на сајбер насилство.

Таа во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ на Пинк призна дека претходно била многу погодена од тоа што другите мислат за неа.

-Ги читав тие коментари претходно и ми пречеше. Тоа сајбер малтретирање го доживеав кога имав и здравствени проблеми, но веќе не ме засегаат такви работи. Сето тоа го гледам, но не го читам. Признавам, на еден коментар одговорив „тебе ни хирург не може да ти помогне“. Имам такви моменти кога одговарам, но сега се ми е забавно. Тоа веќе не ме навредува и не ме засега, рекла Александра и повторила:

„Порано беше поинаку, но сега ништо не ме засега“.

Најнови вести од Познати

To top