Познати Хрватска

Александра Пријовиќ доби ЗАБРАНА да настапи во ОВОЈ град, се огласи градоначалникот

Ниту сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и само тоа имам да кажам, изјави Дукиќ за концертот на Александра Пријовиќ.

Александра Пријовиќ доби ЗАБРАНА да настапи во ОВОЈ град, се огласи градоначалникот

Хрватските медиуми објавија дека градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ не дозволил концертот на Александра Пријовиќ да се одржи во овој град.

Бранко Дукиќ во оваа прилика се огласи за медиумите и рече дека тој никогаш не би отишол на ваков концерт, но и дека нема никаква врска со организацијата на концертите.

-Живееме во слободно општество каде што секој ја слуша музиката што ја сака. Јас сум против каква било забрана и ме чудат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не се занимавам со организирање концерти и не разбирам зошто се крена толку голема прашина за тоа. „Višnjik“ има своја администрација и своја деловна политика, која самостојно одлучува за програмските и комерцијалните содржини, дури и за оние кои мене лично не ми се допаѓаат. Ниту сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и само тоа имам да кажам, изјави Дукиќ за концертот на Александра Пријовиќ.

Најнови вести од Познати

To top