Скопје Модерна општина

Аеродром добива нов парк лоциран на влезот во Лисиче

Во следниот период вакви проекти ќе се реализираат и на други локации ширум Аеродром, со што се потврдуваат заложбите за модерна, зелена и чиста општина.

Аеродром добива нов парк лоциран на влезот во Лисиче

Аеродром добива нов парк лоциран на влезот во Лисиче. На самиот почеток на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“.

До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните кои живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.

Во следниот период вакви проекти ќе се реализираат и на други локации ширум Аеродром, со што се потврдуваат заложбите за модерна, зелена и чиста општина.

To top