Живот и Стил

АДВОКАТ СОВЕТУВА: На ова прашање не одговарајте кога ќе ве запре полиција

АДВОКАТ СОВЕТУВА: На ова прашање не одговарајте кога ќе ве запре полиција

Британскиот адвокат Насир Хафези е многу популарен на социјалните мрежи, а секој ден дава различни правни совети и на пошироката јавност и ги објаснува нивните законски права во одредени ситуации. Пред неколку месеци тој сподели видео на TikTok каде го откри прашањето на кое никогаш не треба да дадете прецизен одговор на сообраќајната полиција.

Видеото стана вирално преку ноќ – прегледано е над 1,3 милиони пати, а сигурни сме дека ова адвокатско објаснување ќе ви звучи многу логично.

„Еве едно прашање на кое никогаш, ниту за милион години, не треба да ѝ одговорите на полицијата без да знаете за кое кривично дело сте осомничени. Тоа е прашањето кога полицијата те запира додека си во автомобилот, а полицаецот ќе те праша: „Знаеш ли зошто те запрев?“, вели на почетокот овој адвокат.

Прашањето е прилично безопасно и првиот импулс на повеќето луѓе е да одговорат искрено или да го наведат најмалиот прекршок што знаат дека го направиле, но се покажа дека тоа е погрешен пристап.

„Доколку не можете да читате мисли, не знаете што точно му се врти низ главата на полицаецот во тој момент, нели? Па зошто тогаш да одговарите доколку немате информации од него?“, објаснува понатаму г-дин Хафези.

Ако мислите дека полицијата само сака да ја препознаете сопствената грешка, размислете повторно.

„Почекајте малку и слушнете ме. Проблемот со ова често, стандардно полициско прашање е што може да биде трик прашање“, истакнува тој, додавајќи дека дури иако полицаецот видел и има докази дека сте направиле прекршок, вие може да признаете и некое друго дело кое тој не го забележал.

„Замислете дека не е трик прашање и не знаете за каков прекршок ве обвинуваат и одговарате: „Затоа што поминав на црвено“, „Затоа што возев пребрзо, „Затоа што јадев додека возев“. Признавате повеќе прекршоци и можеби кривични дела, а полицаецот мислел и можеби имал докази само за едно кривично дело – под претпоставка дека воопшто имал во предвид некаков прекршок“, истакна адвокатот.

На овој начин, вашите шпекулации за тоа на што мислеше полицаецот се претворија во признанија.

Адвокатскиот совет е да го задржите вашиот одговор едноставен, но љубезен. „Те молам кажи ми“, треба да биде твојот одговор на прашањето „Знаеш ли зошто те запрев?“. Дополнителен одговор од службеникот ве става во подобра позиција да разговарате за потенцијалното прекршување.

To top