Вести

Зошто кралицата Елизабета втора има два родендена? Денес таа полни 91 година, но еве кога и е вториот роденден

Велика Британија со големи почести денеска го слави 91 роденден на кралицата Елизабета Втора, но нејзината официјална прослава се одржува во јуни.

 

queenelizabeth-1024x692

Церемонијата започна точно напладне кога група на кралската коњаничка артилерија јаваа пред Бакингемската палата, а претходно се изведе почесна стрелба со 41 пукање во Хајд паркот, а еден час подоцна беа испукани 62 куршуми од лондонската кула.

Но зошто кралицата има два родендена?

Вистинскиот роденден на кралицата е денес на 21 април, но официјалната прослава се случува секогаш во една сабота од месец јуни. Причината поради роденденот во јуни на кралицата е вековната традиција која ја имале кралските семејства во Британија, како резултат на тоа бидејќи преку летото времето е многу по подобно од она во есен или зимо.

На пример Едвард VII е роден на 9 ноември, но неговиот официјален роденден секогаш се славел во мај или јуни.