вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 154
home Вести

Зимска бура донесе многу снег во Јапонија

На северниот остров Хокаидо поради бурата патувањата ги откажаа 149 возови и осум бродови. Во градот Масике бурата беше придружена со ветрови со брзина до 124 километри на час, а на некои делови од островот паднаа 35 сантиметри снег.
Зимска бура донесе многу снег во Јапонија

Зимската бура, која денеска погоди огромните области во Јапонија, донесе 75 сантиметри снег на некои места, соопшти јапонската метеоролошката служба.

На северниот остров Хокаидо поради бурата патувањата ги откажаа 149 возови и осум бродови. Во градот Масике бурата беше придружена со ветрови со брзина до 124 километри на час, а на некои делови од островот паднаа 35 сантиметри снег.

Јапонската метеоролошка служба предвидува уште снег до 60 сантиметри на Хокаидо, во североисточните делови и областа Хокурику. Таа предупреди за виулици, големи бранови и сообраќаен метеж во северниот дел на Јапонија и долж брегот на Јапонското Море до петок.