Вести

Земјотрес во Аргентина, нема жртви

Земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтеровата скала, беше регистриран денеска наутро во северниот дел на Аргентина, соопшти ТАСС, повикувајќи се на геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 117 километри северозападно од градот Сан Луис, со население од околу 184 илјади луѓе, а се случил на длабочина 169 километри.

Нема информации за жртви и причинета материјална штета.