вторник, 16. јануари 2018. Вести денес: 96
home Вести

Втор ден од претседателските избори во Чешка

Втор ден од претседателските избори во Чешка

Втор ден од претседателските избори во Чешка. Девет се кандидатите за оваа позиција.

Фаворит е Милош Земан, кој стана првиот директно избран претседател на Чешката Република во 2013 година. Сепак, неговата можна победа е далеку од сигурна. Експертите веруваат дека е можно да изгуби во вториот круг.

Неговиот најсериозен противник е Јиржи Драхош, поранешен претседател на Чешката академија на науките. Платформата на 73-годишниот Земан се противи на имиграцијата и организирање на референдум за членство на земјата во Европската унија, иако тој самиот го поддржува членството на Чешка во ЕУ.

68-годишниот Драхош објави дека неговиот главен приоритет е да престане поделбата на чешкото општество.