Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Воспитувачки малтретираат деца во градинка

Три воспитувачки од градинка во италијанската провинција Верчели се во притвор откако било утврдено дека со месеци ги малтретирале децата кои ги чувале.

Сѐ започнало во март кога една мајка и постара сестра на едно девојче пријавиле дека се сомневаат дека воспитувачките во групата ги малтретираат децата. По пријавата во училниците биле поставени камери кои ги потврдиле сомнежите дека децата се малтретирани.

Камерите ги снимиле воспитувачите како врескаат на децата и ги влечат низ собата. Додека биле „под будно око“, било забележано дека воспитувачите повеќе од 50 пати психички или физички ги малтретирале децата.

Трите воспитувачки имаат долгогодишно искуство во работа со деца. (МИА)