Вести

Во Турција приведен 51 наставник поради наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти издадоа налози за апсење на 107 наставници поради наводна поврзаност со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а официјална Анкара го обвинува за организирање на минатогодишниот обид за државен удар.

По издавањето на налозите, во Анкара е приведен 51 наставник, а, како што наведуваат медиумите, операцијата за апсење на останатите наставници се уште трае.

Претходно наставниците се суспендирани од работните места. (МИА)