Вести

Во сила е прекин на огнот, а загинаа 22 цивили

Најмалку 22 цивили загинаа во воздушните напади на сириските и руските сили во последните 48 часа на северозападот на Сирија.

Ова го соопшти Сириската опсерваторија за човечки права со седиште во Лондон.

Метите биле во провинциите Идлиб и Хама, каде би требало да е во сила прекин на огнот, а доаѓа како одговор на офанзивата која ја покренаа џихадистите, пренесуваат западните медиуми.

Сириските и руските авиони практично не го напуштаат небото над Идлиб и Хама, тврди Сириската опсерваторија.

Најмалку четири луѓе загинале денеска во руските воздушни напади на градот Кан Шеикун во провинцијат Идлиб, со што бројот на загинати во последните 48 часа се искачи на 22, наведува Сириската опсерваторија и додава тои во нападите повредени се десетици луѓе.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија од март 2011 година загинати се најмалку 330.000 луѓе.