Вести

Во Русија евакуирани седум училишта поради дојава за бомба

Повеќе од 5.700 ученици и наставнички персонал од седум училишта се евакуирани во рускиот град Перм, откако полицијата добила дојава за поставена бомба.

Локалното министерство за безбедност соопшти дека рано изутрина, седум училишни и административни згради во овој уралски град се евакуирани половина час откако полицијата добила дојава за поставен експлозив, јави ТАСС.

Евакуирани се вкупно 5.706 лица.

Припадници на полицијата и Националната гарда ја пребаруваат зградата со помош на кучиња-трагачи.

Локалните медиуми јавуваат дека се евакуирани и студентите од Националниот универзитет за истражување во Перм, како и минувачите кои се наоѓале на една автобуска постојка