сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 70
home Вести

Во Лондон четири момчиња починаа од убоди од нож за дочекот на Нова година

Во Лондон четири момчиња починаа од убоди од нож за дочекот на Нова година

Четири момчиња починаа од убоди од нож во одвоени инциденти за време на новогодишната прослава во Лондон, соопшти денеска полицијата.

Тројца се избодени за време на дочекот на Новата година, а четвртиот во утринските часови. Инцидентите не се поврзани.

Уште едно момче кое е избодено денеска се наоѓа во болница во критична состојба.

Заедно со овие жртви, бројот на лица кои во текот на 2017 година се избодени на смрт во британската престолнина се искачи на 80, соопшти полицијата.