Вести

Во Истанбул уапсени 36 осомничени припадници на ИД

Турската полиција денеска во Истанбул уапси 36 лица, под сомнеж дека се членови на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави агенцијата Анадолија.

Турската полиција денеска во Истанбул уапси 36 лица, под сомнеж дека се членови на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави агенцијата Анадолија.

Полицијата соопшти дека припадници на нејзината антитерористичка единици истовремено извршиле рации на 15 локации во Истанбул, во рамки на потрагата по пет лица за кои постојат сомнежи дека во неколку наврати престојувале на териториите под контрола на ИД во Сирија и Ирак.

Петмина од уапсените при акцијата се турски државјани, додека сите останати се странци, но во полициското соопштение не е посочена нивната националност.

Од 2015 година во Турција беа извршени неколку напади за кои одговорност презеде ИД. При овие напади загинаа над 300 лица.