вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Во Франција распоредени дополнителни 97.000 полицајци и војници за празниците

Во Франција распоредени дополнителни 97.000 полицајци и војници за празниците

Француските власти распоредуваат речиси 100.000 дополнителни полицајци и војници за божиќните и новогодишните празници, поради страв од напади на екстремисти.

Дополнителните сили ќе бидат фокусирани на божиќните базари, трговските центри, верските објекти, јавниод превоз и туристичките локации.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во „контекст на се уште големата терористичка закана“ со цел заштита на безбедноста во текот на денешниот и утрешниот ден мобилизирани се 97.000 припадници на безбедносните сили.