понеделник, 16. јули 2018. Вести денес: 115
home Вести

Во Египет убиени 10 екстремисти

Во Египет убиени 10 екстремисти

Египетските безбедносни сили убиле 10 екстремисти и уапсиле 400 осомничени, меѓу кои и странски борци, во вооружена операција против исламисти во Синај, соопшти денеска египетската армија.

Во најновата офанзива на безбедносните сили досега се убиени вкупно 38 екстремисти.

– Големата воена операција, во која учествуваат и армијата и полицијата, почна во петокот, а целта е уништување на терористичките и криминалните елементи и организации во цел Египет, соопшти портпарол на армијата.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, кој очекува да биде реизбран во март, во ноември им нареди на вооружените сили да ги уништат екстремистите во рок од три месеци, откако исламисти нападнаа џамија, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.