Вести

Во четвртиот квартал од 2016. грчката економија се намалила за повеќе од очекуваното

Во последното тримесечје од 2016 година грчката економија се намалила повеќе од првично објавените податоци, соопшти денеска грчката статистичка служба, цитирана од американските медиуми.

Грчката статистичка служба информира дека во периодот октомври-декември производството е намалено за 1,2 проценти во однос на претходното тримесечие. Претходната проценка беше дека ќе има пад од 0,4 проценти.

Статистичарите прецизираат дека ревидираните податоци се должат на новите показатели, со кои тие не се располагале во моментот на изготвување на претходната проценка.

Намалувањето во текот на четвртиот квартал доаѓа по скромниот раст од 0,3 проценти и 0,6 проценти во второто и третото тримесечие од 2016 година, забележуваат американските медиуми.