Вести

ВИДЕО: Снимка од судар во Јужна Кореја стана хит на интернет

На социјалните мрежи ширум светот се шири видео снимка од судар во Јужна Кореја, која предизвика чудење и изненаденост кај многумина.

Имено, на снимката е прикажен судар на возила во еден тунел во Јужна Кореја, но она што изненади многумина се случувањата по инцидентот.

Ако претпоставувате дека по сударот дошло до расправии и нервози на остантите возачи во колоната, што би било „логично“ за најголемиот број вакви случаи, знајте дека се лажете.

За разлика од поголемиот број луѓе, јужнокорејските возачи во случајов се однесуваат сосема поинаку и на за нас неверојатен начин.