Вести

ВИДЕО: Потполно помрачување на Сонцето, ваков феномен не е виден во историјата на САД

Милиони луѓе во САД денеска го следеа потполното помрачување на Сонцето какво што не е видено во 241 годишна историја на оваа земја, пренесува Би-Би-Си.

 

Потполно помрачување на Сонцето можеа да го видат жителите на САД, од Орегон на западот на земјата, до Јужна Каролина на источниот брег.

Околу 12 милиони Американци живеат на подрајчето на кое беше видлив овој астрономски феномен, кој според тврдењата на многумина, е најфотографиран и најдобро документиран таков настан во човековата историја.

Помрачувањето на Сонцето е астрономска појава која се случува кога сонцето ја фрла сенката на месечината на планетата Земја, што може да се случи само кога Месечината се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето.