Вести

ВИДЕО: Офелија зема уште една жртва во Ирска

Бурата Офелија однесе два животи во Ирска. Една жена настрадала откако дрво паднало на нејзиниот автомобил, а втората жртва е маж кој настрадал во слична ситуација, пренесуваат западните медиуми.

Ирската државна телевизија известила дека една жена настрадала откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил

Несреќата се случила во округот Ватерфорд. Новинарот кој ја пренесе трагичната вест на својот Твитер профил објави и видео снимка од крајбрежјето, каде што се гледаат ударите од бранови.

Маж на околу 30-годишна возраст загина во местото Каир кога се обидел да го тргне дрвото кое паднало.

Бурата откорна огромен број дрва, а околу 120 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

За време на ноќта, Офелија ослабе од ураган во категоријата бура.