Вести

ВИДЕО: Косовската амбасадорка во САД нападната со јајца

Со јајца против косовската амбасадорка во САД.

Незадоволна активистка, ја нападна амбасадорката Вљора Читака  за време на предавање на универзитет во Денвер.
– Срам да ти е. Ти си криминалец и убиец, викаше активистката, откако прво и постави прашање, а потоа ја гаѓаше амбасадорката со две јајца.
Инцидентот се случи на трибина, на која присуствуваше и поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил.Медиумите објавија дека се работи за активистка на косовското движење „Самоопределување“, која живее во Денвер и која била незадоволна од владеењето на правото и образовниот систем во Косово.